сабота, 27 јули 2024

ИАЕА: Иран ги зголеми залихите на збогатен ураниум речиси до нивото потребно за атомска бомба

Иран дополнително ги зголеми залихите на збогатен ураниум речиси до нивото за употреба во нуклеарно оружје, се вели во доверливиот извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија на Обединетите нации (ИАЕА) што денеска го добил АП.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според извештајот, Иран сега поседува 142,1 килограми ураниум збогатен до 60 отсто, што е за 20,6 килограми повеќе во однос на податоците од последниот извештај, направен во февруари 2024 година.

Збогатеноста на ураниумот до 60 проценти чистота е само мал, технички чекор подалеку од збогатеноста до ниво од 90 проценти – што е погодно за вградување во нуклеарна боева глава.

Извештајот покажува дека вкупните резерви на збогатен ураниум во Иран изнесуваат 6.201,3 килограми, што е зголемување за 675,8 килограми во споредба со последниот извештај на ИАЕА.

ИАЕА во новиот извештај соопштува дека Техеран сè уште не ја повлекол својата одлука од септември 2023 година со која се забранува мониторинг на неговата нуклеарна програма, но додаде дека очекува Иран „да го стори тоа како дел од тековните консултации меѓу Агенцијата и Иран“.

Во соопштението се наведува и дека смртта на иранскиот претседател и министерот за надворешни работи во хеликоптерска несреќа довела до пауза во разговорите меѓу ИАЕА и Техеран за подобрување на соработката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ