Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, за МИА потврди дека истрагата покажала поврзаност на лице од институцијата со малверзации во Лотарија.
„Истрагата се проширува и нема да има заштитени. Секој што е вмешан ќе одговара пред законот“, изјави Ивановски.
Во овој случај се вмешани и поранешниот вицепремиер Артан Груби и ексдиректорот на Лотарија, Перпарим Бајрами, кои засега се во бегство.