среда, 29 мај 2024

И во првите три месеци од годинава Македонски телеком продолжува со силен финансиски раст

Македонски телеком ja почна 2024 година со силен финансиски раст на крајот на првото тримесечје. Успешното работење продолжува како резултат на фокусот на модернизацијата и ширењето на мрежата, пионерството во воведувањето нови технологии и посветеностa на најдоброто корисничко искуство.

 

Објавено на

часот

Сподели

Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 4,4 проценти споредено со минатата година, а нето добивката е во пораст од дури 15,2 проценти.

Приходите од продажбата се зголемени за 3 проценти во споредба со истиот период од претходната година и изнесуваат 2.967 милиони денари.

Супериорно корисничко искуство и зголемување на базата на корисници

Остануваме број 1 во Македонија според TRI*M индексот за мерење на задоволството на корисниците, којшто изнесува 94 поени. Продолжува трендот на зголемување на бројот на корисници во сите сегменти, што е резултат на нашата посветеност да обезбедиме супериорно корисничко искуство, но и многу повеќе од комуникациски услуги. Со првата дигитална програма за наградување и поволности за корисниците – Magenta Moments, достигнавме 160.000 корисници.

Бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 3,7  проценти и изнесува 211 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи порасна за 3,4 проценти. И во мобилните комуникации се зголеми базата на корисници и достигна 1,266 милиони. Во фиксната телефонија, останавме на водечката позиција со 229 илјади корисници.

Лидерство на ТВ пазарот и нова ТВ платформа

Остануваме на лидерската позиција на ТВ пазарот со удел од 34,4 проценти и раст од 2,3 проценти или 151 илјада корисници. Во март, воведовме нова генерација дигитална телевизија – MagentaTV, иновативна ТВ платформа којашто нуди ново, модерно ТВ доживување во согласност со современите навики и интереси на корисниците.

Инвестиции и развој на најдобрата мрежа

Остануваме доследни на нашиот фокус на ширење и инвестиции во оптичката мрежа и денес имаме 324 илјади пристапи до оптика, што е за 15,3% повеќе споредено со истиот период од претходната година. Најголемата 5G мрежа во Македонија продолжува да се шири и е достапна за 85% од населението во Македонија со гигабитни брзини во повеќето градови. Продолжуваме да ја шириме инфраструктурата на целата територија со најновите технологии за да ги поврземе сите корисници со најдобрите услуги, соопшти компанијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ