сабота, 27 јули 2024

И во октомври пожари, вчера имаше 23, активни се уште четири

Вчера на 23 локации имаше пожари на отворен простор. Од нив активни се уште четири: во  Општина Македонски Брод, во атарот на село Белица, кај месноста Аргулица (под Солунска Глава) гори ретка борова шума на карпест терен со длабоки провалии и е речиси невозможно за пристап за лица и за гаснење; во Општина Велес, кај село Нежилово близу месноста Изворите на Бабуна гори букова шума; во Општина Долнени, меѓу селата Долгаец, Стровија и Црнилиште гори уредена шума и во Општина Штип кај село Пухче каде гори ниска вегетација и шума, соопшти Центарот за управување со кризи.

Објавено на

часот

Сподели

Другите 19 изганати пожари во последното деноноќие биле на целата територија на државата, во општините Арачиново, Карпош, Прилеп, Кривогаштани, Крушево, Велес, Росоман, Кочани, Крива Паланка, Куманово, Јегуновце, Гостивар…

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ