сабота, 27 јули 2024
Македонецот со критики за судијата

И во Наполи не се задоволни од Ковач, Елмас шокиран: Вакво судење не сум видел до сега!

Објавено на

часот

Сподели

Милан вчера со 1-0 ја доби првата пресметка против Наполи во четвртфиналето во Лигата на шампионите, а по крајот на натпреварот, двата тима упатија замерки на судијата Иштван Ковач.

Домаќините сметаат дека требале да добијат пенал во финишот од мечот, а гостите пак веруваат дека незаслужено добиле многу картони. Замбо Ангиса два пати влезе во бележникот и ќе го пропушти реваншот, а Наполи следната недела нема да може да смета и на Ким поради суспензија.

„Не знам што да кажам за судијата… невидено, неверојатно! Им покажа жолт картон на сите наши фудбалери. Противникот направи исти прекршоци но не добиваше жолти картони. Вакво судење не сум видел до сега, токму поради оваа причина на моменти бевме нервозни на теренот“ – вели Елиф Елмас, кој синоќа натпреварот го почна како „лажна 9-ка“ во нападот.

„Прв пат играм како центарфор, и како за прв пат беше добро. Но повеќе преферирам да играм странично“.

Запрашан како на реваншот без Ангиса и Ким, Македонецот одговори: „Сите натпревари се тешки и секогаш некој важен играч недостига, но мора веднаш да се кренеме и да видиме што ќе подготви тренерот за натпреварот на „Марадона“. Имаме одлични играчи, имаме силен тим со силен карактер и силен тренер, па имаме шанса за пресврт на реваншот. Сепак, прво ќе мислиме на натпреварот во сабота, а потоа на возвратниот дуел со Милан“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ