вторник, 10 декември 2024

Македонија не реагира на употребата на „северномакедонска“ во Европскиот парламент

На официјалната интернет-страница на Европскиот парламент пишува дека „северномакедонската“ влада предводена од премиерот Талат Џафери продолжува да ги продлабочува односите со Европската Унија.

Објавено на

часот

Сподели

На оваа употреба на придавката „северномакедонска“ на официјалната интернет-страница на Европскиот парламент, спротивно на Преспанскиот договор, засега никој од македонските дипломатски претставници во Брисел не реагираше.

Во истиот напис се вели дека како дел од Договорот од Преспа од јуни 2018 година, земјата го промени своето име во Република Северна Македонија, во замена Грција да го прекине ветото за нејзиниот пристап во ЕУ и НАТО. Во НАТО влеговме, но за пристапот во ЕУ добивме нова замена – вето од Бугарија. Тоа го нема во оваа информација на официјалната страница на Европскиот парламент.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ