вторник, 22 октомври 2024

И во Драчево ќе има канцеларија за катастарски услуги

Агенцијата за катастар на недвижности воведува нови дополнителни услуги за граѓаните во населба Драчево и нејзината околина.

Објавено на

часот

Сподели

Од вчера, во канцеларијата на Агенцијата за катастар на недвижности во Драчево, жителите на Драчево, Пинтија, Зелениково, Долно Лисиче, Студеничани и околните населени места можат да поднесуваат различни видови барања до Катастарот, соопшти Агенцијата за катастар на недвижности.

Граѓаните освен постоечките услуги, сега имаат можност на едно место да поднесат барања за издавање на имотен лист, копија од план, промена во наслов, теренски барања, промена на катастарска култура, запишување на недвижности со незапишани права, како и добивање на уверенија за идентификација и историјат на недвижностите.

Од Агенцијата за катастар на недвижности најавуваат дека во следниот период ќе продолжат да воведуваат новини во работењето со цел услугите да бидат подостапни и поблиски до граѓаните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ