недела, 19 јануари 2025

И во декември не се може без Грција – колони возила на Богородица

За еден ден проширениот викенд со државниот празник Св. Климент Охридски пожажа дека за голем број од македонските граѓани слободните денови се незаменлива инспирација да се отиде во Грција на пазарење, дишење морски воздух, пиење кафе со поглед на минувачи или сина широчина, јадење гиро… Фотографијата од наш читател кој се најде во „опашката“ пред македонските гранични служби потврдува дека за убавините на Грција треба да се жртвува добар дел од времето со седење во автомобилот.

Објавено на

часот

Сподели

Според тоа што можат да го забележат граѓаните во колоната, за да се дојде до македонските служби каде на увид се дава само пасош со понов датум во кој за државата пишува дека е северна, се чека околу 45 минути. Никој не знае уште колку време треба да помине за потоа да се помине кај грчките служби и да се фати патот од север кон југ, кон Солун или другите дестинации на брегот на Солунскиот Залив, како и кон краците, најчесто. Можеби и за подалеку.

А надзорната камера на преминот Богородица уште подобро ја отсликува сериозносста на колоните од возила.

д

Дека не оди брзо колоната откако ќе се завршат формалностите кан македонските гранични служби, потврдува втората фотографија од нашиот читател. Редицата возила е долга и кон грчките служби на Евзони и не се движи брзо. Ако е така тоа веројатно значи дека за да се поминат Богородица и Евзони потребни се околу час и половина.

д

Петок е ден за бегање од секојдневието, а тие што се посеверно од нас имаат и израз кој ја толкува брзината со која во петок се бега од работните обврски „петак дан за м….к“. Сирурно не е мал бројот на граѓани кои имале предвид дека петокот може да биде компликуван ден, па четвртокот попладнето го избрале денот за да се тргнат од државата. 

                                                                                                     П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ