петок, 26 јули 2024

И во Арсенал и во Баерн се бесни на судијата за недосуден пенал (ВИДЕО)

Арсенал и Баерн Минхен одиграа 2-2 во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, а по мечот и од двата табори се жалеа на судиски одлуки.

Објавено на

часот

Сподели

Во Арсенал сметаат дека требало да добијат пенал поради фаул на Нојер врз Сака. Нејасно им е како ВАР не го повика судијата да ја види снимката.

Додека во Баерн Минхен се гневни на една необична ситуација која се случи во шеснаесетникот на Арсенал.

Голманот на Арсенал изведе гол-аут, му ја додаде топката на Габриел кој ја фати со раце и повторно го изведе гол-аутот. Судијата не сакаше да го свирне тоа како пенал, но Тухел и германските медиуми сметаат дека тоа е огромна грешка.

„Судијата направи огромна грешка, имаше пенал поради играње со рака. Знам дека тоа беше луда ситуација. Тие ја ставија топката долу, тој свирна и дефанзивецот ја фати топката со неговите раце“, вели Тухел.

„Она што ме прави лут е објаснувањето на судијата. Тој им рекол на нашите фудбалери дека тоа било „детска грешка“ и дека нема да свирне пенал за тоа во четвртфинале од Лигата на шампионите. Тоа е ужасно, ужасно објаснување. Детска грешка, возрасна грешка, како и да е, ние сме лути бидејќи тоа е огромна одлука против нас“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ