недела, 20 октомври 2024

И владиката Јосиф со поддршка за ФК Тетекс и ФК Љуботен

Објавено на

часот

Сподели

„Примајќи ја грижата на својот верен народ и истакнувајќи ја својата посветеност за мир, соработка и соживот Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, како надлежен владика на Тетовско-гостиварската епархија на Македонската православна црква изразува целосна и безрезервна поддршка на јавниот апел за рамноправен третман на македонските фудбалски клубови „Љуботен“ и „Тетекс“, кои се вистинско и маркантно обележје на македонскиот спорт и долгогодишна спортска традиција“, се вели во соопштението на Тетовскиот-гостиварската епархија.

Од таму со повик до властите да обезбедат рамноправен третман.

„Митрополитот ги повикува Општина Тетово, властите и одговорните со зголемено внимание да постапуваат во насока на овозможување на соодветен простор за делување и развој на сите луѓе, групи, клубови и организации, без разлика на нивната национална припадност. Секој човек има права и слободи, а секој заслужува рамноправен третман! Демократијата не завршува кога ги остварувате Вашите права, а почнува онаму каде започнува Вашиот интерес и за правата на другиот“, се вели во соопштението на Тетовскиот-гостиварската епархија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ