сабота, 27 јули 2024

И вчера имаше пожари, 26, активни се уште два

Вчера на отворен простор имаше вкупно 26 пожари, од кои активни се уште пожарите во Македонси Брод, село Белица под Солунска Глава (каде што гори ретка борова шума, сува трева и грмушки) и во Чашка кај селото Крива Круша (каде што гори сува трева и папрат), информираат од Центарот за управување со кризи.

Објавено на

часот

Сподели

Другите 24 се изгаснати, а биле на целата територија на општините Гази Баба, Аеродром, Бутел, Илинден, Новаци, Прилеп, Долнени, Кривогаштани, Гевгелија, Велес, Чашка, Штип, Куманово, Старо Нагоричане, Крива Паланка и Кратово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ