Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени, соопшти УХМР.
Во Скопје променливо облачно и наутро магливо, преку денот со услови за краткотраен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Преодно стабилизирање на времето ќе има во петок и во сабота претпладне. Нов влажен бран со врнежи претежно од дожд, само на високите планини од снег ќе започне од сабота кон крајот на денот, а повремено пообилни врнежи ќе има во ноќта во недела и недела. Во понеделник ќе биде постудено, со услови за врнежи од дожд со слаб интензитет, а слаб снег ќе провејува на планините и понекаде во повисоките места.