Врнежите од дожд ќе продолжат и утре кога ќе настапи спуштање на постудена воздушна маса од север, која ќе доведе на планините и повисоките места во северните делови врнежите од дожд да преминат во снег. Утре кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе преминат во снег и во делови од скопската котлина.
Од вторник ќе преовладува сончево време со слаб до умерен северен ветер и многу пониски температури на воздухот. Утринските температури насекаде ќе се спуштат под нулата, додека максималните дневни температури нема да надминуваат 6 до 8 Целзиусови степени ниту на југот од земјава. И во Скопје ќе следи период на постудено време, со максимални температури на воздухот од околу 0 Целзиусови степени.