петок, 26 јули 2024

И Таравари пристигна кај Курти каде веќе се Гаши, Меџити и Касами

И лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари пристигна во Приштина на средба со косовскиот премиер и лидер на Самоопределување, Аљбин Курти. На средба се пристигнати и лидерите на Европски сојуз за промени, Африм Гаши, Изет Меџити и Биљал Касами.

Објавено на

часот

Сподели

На новинарите кои го пречекаа, Таравари само кусо им изјави дека очекува да се разговара за изборите во Македонија кои ќе се одржат на 8 мај.

Дали Таравари, чија партија е дел од власта, прави конечен чекор да им се прикдружи на тројката опозициски лидери за заедички настеап и обид да се порази ДУИ која на власт е 20 години, останува да се види.

Изет Меџити, како што пренесуваат косовските медиуми, изјавил дека интензивно преговараат со Таравари.

„Евидентно е дека албанските субјекти, Демократското движење, Движењето Беса, Алтернатива и Самооптеделување ќе имаат заеднички листи, на интензивни средби сме и со господинот Таравари“, им изјави Меџити на косовските новинари.

Неодамна, Европскиот сојуз за промени соопшти дека на изборикте ќе им се придружи косовското Самоопределување и дека таа косовска владејачка партија ќе биде четвртиот столб на опозицискиот сојуз.

Гаши за МКД.мк тогаш изјави дека учеството на изборите би било преку македонски државјани на кандидатските листи кои се симпатизери на Самоопределување или се членови со двојно државјанство.

Курти, пак, кога беше пред десетина дена во Скопје на собир на лидерите од Западен Балкан на новинарите им изјави дека не се меша во внатрешните работи на Македонија и дека неговата партија не е регистрирана во Македонија.

Соработката меѓу Самоопределување и македонската опозиција на Албанците кај ДУИ беше разбрана како отворен акт на непријателство, додека Таравари се воздржуваше од коментари.

Познато е дека ДУИ има поблиски односи со Тирана и со премиерот Еди Рама, додека Европскиот сојуз за промени со Приштина и премиерот на Косово Курти.

Неодамна, генералниот секретар на СДСМ, Зечевиќ беше во Косово на средба со генералниот секратар на Самоопределување. Дали тоа беше средба заради спречување на директното влијание врз опозицискиот албански блок во Македонија или пак, како што беше соопштено, затоа што станува збор за унапредување на соработката меѓу две левоориентирани партии, останува непознато или останува да се види.

П.Џ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ