вторник, 22 октомври 2024

И следната недела нѐ очекува нестабилно време со поројни дождови и грмежи

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти УХМР, времето во Македонија утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.

Минималната температура ќе се движи од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 27 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ