сабота, 27 јули 2024

И Радев разговараше со Макрон, бугарскиот претседател очекува конкретни резултати од Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Секоја земја-кандидат за членство во ЕУ мора да ги почитува европските вредности поврзани со правата на нејзините граѓани, а Бугарија во овој поглед очекува конечни резултати од Република Северна Македонија за да се согласи за почеток на преговори, му рекол на Макрон шефот на бугарската држава, пренесе кабинетот на Радев.

Бугарија и Република Северна Македонија, рекол Радев, се договориле да изготват патоказ со краткорочни и долгорочни цели, а имплементацијата на овие цели ќе го унапреди процесот на европската интеграција на нашиот југозападен сосед. Но, резултати во оваа насока нема, рекол бугарскиот претседател и додал дека бара конкретни чекори, резултати и правно обврзувачки гаранции.
Претседателот Емануел Макрон ја изрази подготвеноста на Франција да ја поддржи Бугарија со цел воздухопловните сили на земјата да не ги загубат своите одбранбени способности додека не ги добијат борбените авиони Ф-16 што ги нарача Бугарија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ