понеделник, 13 јануари 2025

И покрај снегот, Скопје сѐ уште е загаден, денеска умерено, Битола е најзагаден град

И покрај обилните и интензивни врнежи од снег, со индекс 53, Скопје сѐ уште е загаден повеќе од дозволеното, покажуваат податоците на Ај-кју-ер. Утрово најзагаден град е Битола со индекс 102 што значи дека воздухот е нездрав за дишење за ранливите групи граѓани.

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

Според податоците на Ај-кју-ер Скопје денеска е умерено загаден град со концентрација на PM2,5 честички која е 2,1 пати поголема од годишната вредност на PM2,5 честичките на Светската здравствена организација (СЗО).

До 10 часот утрово измерени се 10,3 милиграми на метар кубен (мг/м3) PM2,5 честички, 9,8 мг/м3 ПМ10 честички, 18,4 мг/м3 озон, 15,5 мг/м3 азот диоксид и 2,6 мг/м3 сулфур диоксид.

Сите параметри се во рамки на дозволеното освен ПМ2,5 честичките кои се 2,1 пати повеќе.

„Ранливите групи граѓани треба да го ограничат излегувањето од дома, а кога се надвор треба да носат маска и да го намалат вежбањето на отворено. Ранливите групи граѓани, но и сите други треба да постават прочистувач на воздухот во просториите во кои престојуваат. Сите граѓани дома треба да ги држат прозорците затворени за да избегнат навлегување на нечист надворешен воздух“, препорачуваат од Ај-кј-ер.

Утрово најзагаден град е Битола со индекс 102 што значи дека воздухот е нездрав за дишење за ранливите групи граѓани. До 10 часот измерени се 36 милиграми на метар кубен ПМ2,5 честитчки што е за 7,2 пати повеќе од дозволеното.

Струмица која изминатиот период беше екстремно загадена и во која беа изречени мерки за ранливите категории граѓани денеска со индекс 71 и 20 мг/м3 ПМ2,5 честитчки е умерено загаден град. Тоа е 4 пати повеќе од дозволеното според стандардите на СЗО.

Умерено загадени градови денеска се и Кавадарци, Велес, Гостивар и Тетово додека мерените честички во Маврово и Ростуше, Охрид и Кочани се во рамки на дозволеното.

И.О. 

 

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ