сабота, 27 јули 2024

И покрај полициските патроли питачењето уште е секојдневие, приведени се две лица

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера  во 11:40 часот, во ОВР Дебар, приведени се С.Д.(33), Д.М.(27), двајцата од Скопје како и В.И.(22) од Куманово. При извршени контроли на улицата 1 мај во Дебар, полициските службеници ги затекнале пријавените како на питачење наведуваат малолетни лица“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Според него по извршени разговори во присуство на претставник на Центарот за социјални работи од Дебар и по целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

И покрај преземените мерки од страна на полициските службеници, во градот редовна е појавата на питачење.

Станува збор за деца, но и возрасни, кои тука доаѓаат главно од Прилеп, Велес и Гостивар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ