„Отстранети се приближно 330 кубни метри непрописно одложен кабаст, градинарски и мешан комунален отпад во близина на Арената Борис Трајковски и во населбата Трнодол во скопската општина Карпош, на улиците Никола Пушкаров, Христо Батанџиев и Лука Геров во општината Ѓорче Петров, на улиците Џон Кенеди, Вуковарска и Христијан Тодоровски-Карпош во општината Чаир, како и на улиците Февруарски поход, Коста Новаковиќ, Анастас Митрев и Васко Карангелевски во општината Аеродром“, велат од скопски комуналец.
Повторно е интервенирано и на булеварот Никола Карев, во непосредна близина на Амбасадата на САД, се нагласува во соопштението.
Пред само неколку дена имаше соопштение дека во текот на ноќта биле отстранети диви депонии крај контејнери во близината на Амбасадата на САД и беше најавено дека ќе бидат пуштени еко-патроли за да не се создадат повторно депонии.
А тогаш пред Амбасадата се чистеше ноќе, веројатно срамот да не е толку упадлив, на помош дојдоа булдожери и разни други средства, колона натоварени камиони заминаа…
Некој фрла, некој чисти. Тоа е… Истата состојба…
А ако се престане со чистење?
П.Џ.