сабота, 27 јули 2024

И општина Ѓорче Петров ќе му помогне на Вардар

Објавено на

часот

Сподели

Игралиштето во Волково ќе му биде отстапено на Вардар за да го користат младите категории на „црвено-црните“, а Стојкоски вети дека општината Ѓорче Петров планира долгорочно да му помага на клубот.

На денешната средба со навивчката група „Комити“ која во последно време ги презема работите во свои раце, градоначалникот Стојкоски изјави:

„Денес на средбата со претставниците од навивачката група „Комити“ кои што во изминатиот период макотрпно работат на издигнување на клубот, но и на националната свест,  договоривме фудбалскиот клуб Вардар да го користи фудбалското игралиште во Волково, каде што ќе тренираат младинските категории и сите оние кои што ќе имаат потреба од теренот.
По убавата вест за влегувањето на клубот во првата македонска фудбалска лига, оваа помош од Општина Ѓорче Петров ќе придонесе во решавањето на проблемите на ФК Вардар на долг рок“.

Претходно општина Аеродром му отстапи игралиште на Вардар за тренинзи, а општина Кисела Вода му донираше милион денари, „Црвено-црните“ добија помош и од општините Центар и Карпош.


 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ