сабота, 27 јули 2024

И Оливер Спасовски го честита 1 Мај

Објавено на

часот

Сподели

„Настаните што се случија од другата страна на Атлантикот“, вели Оливер Спасовски во честитката, „почнувајќи со барањата на работниците за 8 часа труд, 8 часа рекреација, 8 часа одмор, а кои кулминираа со штрајк во 1886 на работниците во Чикаго во кој, за жал, имало и жртви, претставуваат симбол за почитување на трудот на секој подеднакво. До ден денес, во знак на почит кон жртвите на чикашкиот штрајк, но и како манифестација на солидарноста со работниците во целиот свет го одбележуваме овој ден, а нивните барања ги одбележуваме како највисоки вредности на едно цивилизирано и современо општество.

Длабоко свесни дека посветената работа на работниците претставува темелот на општеството, како влада безусловно се грижиме за создавање еднакво општество за сите. Како резултат на тоа ја решивме историската неправда кон стечајните работници – 12.000 лица, најголем дел од мое Куманово, се обесштетени со месечен надоместок од 8.000 денари до пензионирањето.

А, од аспект на МВР се заложивме за севкупно подобрување на социјалниот и економскиот статус на полициските службеници, на создавање професионални услови за работа со реконструирани 80 објекти, набавени нови униформи и опрема, исплата на 5 бонус плати, а за скоро време и 6-та бонус плата. Сето тоа во насока на нашата максима „Мотивирана полиција – безбедни граѓани”, која донесе високи резултати во гарантирање на безбедноста на граѓаните и државата.

На сите граѓани им го честитам 1 Мај, Денот на трудот, посакувам во здравје и благосостојба да ги поминат празничните денови – и, секако, заедно да работиме кон понатамошен прогрес на општеството!“, порача Спасовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ