сабота, 27 јули 2024

И на делови на Русија им се заканува цунами

Делови од западниот брег на островот Сахалин и копнените региони Приморск и Хабаровск, кои се наоѓаат во близина на Јапонија на рускиот пацифички брег, се под закана на цунами, извести денес државната новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на властите.

Објавено на

часот

Сподели

Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени на Рихтеровата скала ја погоди денес централна Јапонија, по што беше издадено предупредување за цунами и совети до жителите да се евакуираат.

Руските медиуми ги цитираат властите во пристанишниот град Владивосток во регионот Приморск, кои соопштија дека секој кој плови по локалните води треба „итно да се врати на брегот“.

ТАСС ги цитира властите во Сахалин и Хабаровск кои соопштија дека бранот нема да биде опасен по живот.

ТАСС го цитира и руското министерство за вонредни ситуации кои ги демантираше претходните извештаи дека е во тек евакуација на население од ризичните подрачја на Сахалин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ