понеделник, 24 јуни 2024

И Монако добро се израдува на веста за новиот договор на Мбапе

Објавено на

часот

Сподели

По многу шпекулации, Килијан Мбапе во саботата вечерта соопшти дека ќе го продолжи договорот со ПСЖ и го разочара Реал Мадрид.

Во Париз се славеше одлуката на напаѓачот а веста донесе радост и во таборот на Монако.

Клубот од малото кнежевство кога го продаде Французинот во 2017 за 180 милиони евра, всушност беше зделка од 145 милиони евра, плус додатни 35 милиони евра во бонуси. Бонусот се активира доколку Килијан Мбапе направи трансфер или стави потпис на нов договор.

Доколку играчот потпишеше за Реал Мадрид, Монако ќе останеше со празни раце, а сега му следуваат 35 милиони евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ