Метју Нимиц 25 години беше посредник во спорот за „името“ меѓу Атина и Скопје, на почетокот како претставник на САД, а подоцна и како специјален пратеник на Обединетите нации. Тој во интервју за Екатимирини, го истакнува значењето на правилното спроведување на Договорот од Преспа, не само за Грција и Македонија, туку и за регионалната стабилност.
Изненадува тоа што и Нимиц, на два пати за време на интервјуто вели „северномакедонските политичари“. Веројатно знае дека употребата на таа придавка е во спротивност на Преспанскиот договор.
Портпаролакта на ЕК Ана Писонеро за време на вчерашната конференција за медиумите ги искара македонските политичари за неупотребата на уставното име и повика на почитување на одредбите на Преспанскиот договор. Но и таа самата, нарекувајќи ги македонските политичари, „северномакедонските лидери“, го прекрши Преспанскиот договор.
Ја очекуваме реакцијата на македонското Министерство за надворешни работи.
А.Д.