четврток, 22 февруари 2024

И Левица е за отворање на Хашките случаи

Отворањето на Хашките случаи е една од главните заложби на партијата во предизборната програма – поништување на автентичното толкување од 2011 година на Законот за амнестија (2002), поддржано од пратениците-предавници на ДПМНЕ, истражување на досиејата за овие случаи и процесуирање на воените злосторства сторени врз македонско цивилно население во конфликтот од 2001, се вели во соопштението на Левица.

Објавено на

часот

Сподели

Гонењето на сторителите на овие грозоморни кривични дела претставува и обврска на Македонија како членка на Обединетите Нации, која произлегува од Универзалната декларација за човековите права на ОН (1948), Женевската конвенција од (1949), Повелбата за Нинбершкиот суд и други меѓународни правно-обврзувачки документи, сметаат од партијата.

 

„Левица е единствената партија која во својата програма се залага за кривичен прогон за криминалите и злосторствата на терористичката банда од ДУИ, која сè додека постои на политичката сцена, ќе биде фактор на ширење меѓуетнички тензии, омраза и нестабилност во Републиката“, соопштува Левица.

 

Комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, со допис до македонската влада упатен на 15 јануари на адресата на тогашниот премиер Димитар Ковачевски, бара да се поништи амнестијата за Хашките случаи и да се истражат досиејата кои што беа трансферирани од Хашкиот трибунал на домашните судови.

„Да се ​​укине автентичното толкување од 2012 година на Законот за амнестија од 2002 година и да се истражат досиејата што Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија ги префрли на домашните судови“, се вели меѓу другото во препораките на Мијатовиќ.

И Демократски соју бара Владата да не го сокрива барањето од Советот на Европа за расчистување на Хашките предмети и да предложи на Собранието на Македонија да го суспендира автентичното толкување.

На 19 јули 2011 година Собранието со 63 гласа „за“ и 29 „против“ го усвои автентичното толкување на член 1 од Законот за амнестија. Според толкувањето, амнестијата се применува на сите сторители на кривични дела поврзани со конфликтот од 2001 година заклучно со 26 септември 2001 година, освен за лицата кои извршиле кривични дела поврзани со конфликтот, а против кои Меѓународниот трибунал повел постапка.

Случаите „Водство на ОНА“, „Непроштено“, „Мавровски работници“ и „Липковска брана“ беа процесуирани во Меѓународниот суд на правдата во Хаг, но во 2008 година тие беа вратени во надлежност на македонските судови.

Пред обвинителството се најде само случајот „Мавровски работници“, но во септември 2009 година Кривичниот суд ги ослободи сите обвинети за малтретирањето на мавровските работници од конфликтот во 2001 година, откако Обвинителството се откажа од гонење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ