Франк Кеси минатото лето беше прво засилување на Барселона и доби откупна клаузула од 500 милиони евра.
Но само 12 месеци подоцна, репрезентативецот на БСК го напушта Камп Ноу и прави нов трансфер.
Вечерва, Барселона и Ал Ахли потврдија дека си подале рака за зделка вредна 12,5 милиони евра и Франк Кеси заминува на печалба во Саудиска Арабија.
Се шпекулира дека тој ќе заработува околу 20 милиони евра по сезона во редовите на клубот од Џеда, за кого настапува и нашиот Езгјан Алиоски.