вторник, 22 октомври 2024

И Кавадарци уште зимава ќе добие ски-центар, најави Јанчев

Оваа зимска сезона кавадарчани ќе уживаат во зимските спортови! Стартуваат подготовките за скијачкиот центар во Михајлово. Oд денеска почнаа подготвителните теренски работи за изградба на скијачкиот центар во Михајлово со ски стаза, ски лифт и пропратни елементи за сите возрасти, најавува Митко Јанчев, градоначалникот на Кавадарци.

Објавено на

часот

Сподели

„Целосната опрема е во фаза на изработка од страна на полска компанија, која се очекува доколку дозволат временските услови да се монтира на крајот на ноември. Ова значи дека љубителите на зимскиот спорт од сите генерации ќе можат да уживаат уште од оваа зимска сезона.
Уште еден голем проект и инвестиција која го продолжува и така брзиот развој на нашата општина“, напиша градоначалникот Митко Јанчев на својот фејсбук-профил потсетувајќи дека и овој проект беше дел од неговата предизборната програма.
default
Теренските работи се донација на општествено одговорната фирма ЈА МИ Кавадарци.
Инвестицијата е донација од 231.660 евра од кои 115.000,00 евра се средства од Комерцијална банка и 115.000 евра се средства донација од Кожувчанка ДОО.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ