вторник, 22 октомври 2024
Невреме во Кавадарци

И кавадарчани се бореа со водената стихија

Објавено на

часот

Сподели

 „Од синоќа се излезени екипи на ЈП „Комуналец” со механизација од три скипови, два камиона, три трактори и 20  работници. Се расчистува наносот, наталожените решетки и сливници и со три цистерни се перат улиците од калта. Исто со свои екипи учествуваат и ТППЕ Кавадарци, кои помагаат во перењето на улиците и испумпувањето на водата од поплавените простории“, велат од јавното претпријатие „Комуналец“.

И покрај интензивното невреме кое го зафати Кавадарци, службите на Комуналец Кавадарци работат на чистење на патот во Катуниште, Бошавијата, Моклиште, Глишиќ и многу други локации во Тиквешијата на кои постои опасност од одрони. Се замолуваат граѓаните да бидат внимателни, објави на својот фејсбук профил градоначалникот, Митко Јанчев.

Бандера се запалила ноќеска во Росоман по што интервенирале кавадаречките пожарникари. Како што појаснуваат од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци, околу полноќ добиле повик за интервенција на запалена бандера со гнездо на штркови. Веднаш интервенирале двајца пожарникари со едно противпожарно возило. 

Од Противпожарната служба потсетуваат дека и минатата година имале таков случај во росоманското село Рибарци, кога се запалила бандера на која имало гнездо на штркови.

Силно невреме вчера ги погоди и Прилеп, Охрид, Демир Капија и Неготино.

Сообраќајот на патниот правец Охрид-Св. Наум сѐ уште не е целосно нормализиран и се одвива со наизменично пропуштање на возилата.

 

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ