сабота, 4 јануари 2025

„И јас сум Сирма” е најпродавана книга за 2024 година во Македонија

Романот „И јас сум Сирма” на хит-авторот Зоран Спасов Sоф е најпродаваната книга за 2024 година според податоците  на најголемиот издавач во државата „Арс Ламина” и неговиот ланец на книжарници „Литература.мк”.

Објавено на

часот

Сподели

Овој контроверзен роман од жанрот историска фикција побуди незапаметен интерес кај широката публика и за само еден месец стана бестселер за 2024 година.

Да потсетиме дека станува збор за книга со поднаслов: „Лектира, историска читанка и Оче наш на секој Македонец” во која хероината Сирма Војвода патува низ времето и е сведок на многу настани од нашата историја, повеќето непознати за читателот. Авторот вели дека ова е „роман што ќе ве натера да плачете и да се смеете на глас, книга што предизвикува болка, љубов и радост”.

Заслужни за овој успех се и сајтот www.ijassumSirma.mk, големата кампања што ја реализираше маркетинг агенцијата Медиа хаус (Media House), како и спектакуларната мултимедијална промоција на која присуствуваа повеќе од 1.000 вљубеници во пишаниот збор.

Средствата од продажбата на книгата, како и секогаш кога станува збор за делата на Sоф, ќе завршат во добротворни цели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ