сабота, 27 јули 2024

„И јас ја очекував Деми Мур, па не дојде“, му одговори Вучиќ на приштински новинар во Брисел (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

На состанокот беше усвоена Декларацијата за исчезнати лица и беше презентиран предлог-статутот на Заедницата на српските општини.

По средбата на медиумите им се обрати и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој рече дека веќе 10 години властите во Приштина не формирале ЗСО.

„Јасно е дека Приштина не сака да ја исполни својата обврска од пред 10 години. Мене тоа ми е јасно и го знаев тоа, но денеска првпат дојдовме до ѕид.“

„Србија веќе прифати многу работи. Што уште очекувате од нас?“, праша Вучиќ.

Тогаш новинарот на Канал10 од Приштина дофрли: „Курти очекува да ја признаете независноста на Косово.“

„Пред 25 години и јас очекував да се сретнам со Деми Мур, но тоа не се случи“, ладнокрвно одговори Вучиќ.

Во сите членови на нацрт-статутот има јасно упатување на претходно договорените членови, рече Вучиќ и додаде дека нема ниту една точка во која се споменува нешто што веќе не е потпишано.

Кога станува збор за состојбата по, како што рече, срамните избори на северот на Косово, ЕУ излегла со свој предлог.

„Јас прифатив, Приштина одби. Мислам дека е многу важно да ја надминеме таа ситуација“, изјави Вучиќ.

Како што вели, се надева дека разговорите ќе продолжат и дека и покрај тоа што дошле до ѕид, во иднина ќе можат да најдат некакви решенија.

„Потребен ни е одговорен пристап. Мораме да го почитуваме барем тоа што го потпишавме, двапати“, додаде тој.

Како што рече, позитивно од вчерашната средба е што се разговарало и се усвоила Декларацијата за исчезнати лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ