Наставниците се жалат дека имаат проблем дури и кога ги пополнуваат електронските дневници и доцна во ноќта. Пак се чека, системот ги исфрла, треба повторно да се логираат, неправилно се запишуваат внесените податоци…
Од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) велат дека добиле ветување од МОН за продолжување на рокот на внесување оценки во електронскиот дневник. Синдикалците бараат надградба на системот, а не продолжување на роковите. Нефункционалноста на системот предизвикува сериозно проблеми во остварување на секојдвените задачи на 30 илјади наставници.
Од Министерството за образование и наука велат дека летово ќе тестираат нов софтвер.
„Со поддршка од ЕУ преку ИПА фондовите, уште лани почнавме процес на изработка на нов ЕМИС систем и нов електронски дневник. Веќе летово ќе се направи тестирање на новите софтверски решенија од страна на МОН, Бирото за развој на образованието (БРО), Државниот просветен инспекторат (ДПИ), Државниот испитен центар (ДИЦ) и од наставници од училишта. Во план е системите наесен да бидат пуштени во употреба, со што очекуваме да се надминат проблемите кои се детектирани во старата хардверска и софтверска инфраструктура во изминатите години“, информираат од МОН.