сабота, 27 јули 2024

И двајцата ранети во Ист гејт мол се во животна опасност

Двајцата повредени по вчерашното пукање во трговскиот центар Ист гејт мол во Скопје се во животнозагрозувачка состојба. Врз нив се извршени оперативни зафати, но нивната состојба е критична.

Објавено на

часот

Сподели

Операциите се извршени во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје  и во Клиниката за торакална и васкуларна хирургија. Повредите од прострелните рани биле во пределот на градниот кош и абдоменот и на десната надлактица и десната потколеница. 

МВР вчера објави фотографија од можниот сторител на делото и упатија апел до сите граѓани доколку го забележат лицето од фотографијата, имаат какви било сознанија за него или корисна информација која може да помогне во истрагата која СВР Скопје ја води во координација со јавен обвинител, веднаш да известат во најблиската полициска станица или да пријават на телефонските броеви 192 или 112.

Беше објавено и видео од пукањето во Ист гејт мол. Од снимката се гледа како две лица се спуштаат по ескалаторот надолу кон гаражите на трговскиот центар, а лице облечено во бел блузон се доближува до горната страна од ескалаторот и од горе пука во нив. По пукањето, напаѓачот бега во спротивен правец и поминува под безбедносната камера.

Според неофицијални информации цел на пукањето повторно бил Раде Трајковски-Штекли кон кого пред два месеца било пукано во истиот трговски центар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ