Утринската температура се движи од 11 и 12 степени во мавровскиот, односно беровскиот крај, до 18 степени на југоистокот од земјата. Максималните температури ќе бидат во интервалот од 21 до 31 степен.
Во Скопје времето претпладне ќе биде променливо облачно, а од пладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град. Максималната температура ќе достигне 27 степени.
Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот, а ќе зајде во 20.13 часот. Денов трае 15 часа и 13 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина нема да изгрее, а ќе зајде 12 минути по полноќ.