сабота, 27 јули 2024

И денеска нѐ очекува облачно и релативно топло време

Метеоролозите и за денеска очекуваат топло време. Според  прогнозата на УХМР, ќе се задржи променливо облачно и релативно топло време за овој период од годината. Во западните делови од Македонија е можен слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје исто така се очекува променливо облачно и релативно топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринските температури во целата земја ќе бидат над нулата и ќе се движат од 3 степени во повисоките места до 9 степени на југоистокот од земјата, а во Скопје околу седмиот степен.

Во текот на денот темпеарутирите ќе се искачат од 9 до 16 степени, а најтопло со 17 степени се прогнозира да биде во скопската котлина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ