недела, 27 октомври 2024

И денешниот ден поминува со бројни пожари на отворен простор

До 19 часот Центарот за управување со кризи собра информации за вкупно 24 пожари на отворено во текот на денешниот ден до 19 часот, од кои неизгаснати остануваат седум пожари, а два се под контрола.

Објавено на

часот

Сподели

Центарот за управување со кризи соопшти дека активни се пожарите меѓу селата Степанци, во месностра Кадиица – Оморани, и селото Ораов Дол во Општина Чашка, како и меѓу селата Пештани, село Кокре и село Кален во Општина Прилеп, меѓу селата Хаџи Хамзали – Едеклерци – Топлик – Драгоево во Општина Штип и меѓу селото Танушевци и месноста викана Рамно во општина Чучер-Сандево. Активни пожари има и во населбата Тризла во Општина Прилеп, потоа кај Теарце, како и кај селото Вардино во општина Демир Хисар.

Под контрола се пожарите меѓу селата Десово – Дреновци во општина Долнени и кај селото Глоѓи во општина Теарце.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ