среда, 23 октомври 2024

И бизнисот на туристичките агенции засегнат од проблемот со пасошите

Редовните тури за празниците 8 Март и Велигден годинава ќе бидат преполовени, предвидуваат сопствениците на туристичките агенции во Македонија. А такви се проценките и за летната сезона. Проблемите со новите пасоши ќе се одрази генерално и на нивниот бизнис. Резервираните патувања веќе се откажуваат само поради неможноста граѓаните на време да добијат валиден пасош. Почетокот на деловната година не им ветува ништо добро.

Објавено на

часот

Сподели

Освен со патниците, туристичките агении имаат проблеми и со документите за нивните вработени, но и со документите за автобусите кои треба да ги возат турите.

Како единствено решение остануваат домашните туристички локалитети и Албанија, Србија и Црна Гора каде што може да се влезе и со лични карти со Република Македонија.

Проценките се дека проблемот со пасошите ќе го зголеми бројот на туристи во Охрид, но и Албанија, како најблиска дестинација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ