среда, 22 јануари 2025

И амбасадорот Жерновски од Букурешт е повикан на консултации

Андреј Жерновски, амбасадорот на Македонија во Романија, е повикан на консултации во Министерството за надворешни работи. Од МНР нема информација за причините за овој повик.

Објавено на

часот

Сподели

Жерновски треба наредните денови да допатува од Букурешт во Скопје и да седне на консултации со шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски.

Жерновски е македонски амбасадор во Романија од октомври минатата година. Пред тоа беше заменик на министерот за надворешни работи.

Откако стапи на функцијата министер за надворешни работи, во последните 30 дена  Муцунски досега на консултации ги повика македонските амбасадори во Тирана и Рим, Данчо Марковски и Весел Мемеди и амбасадорот на Македонија во Обединетите нации, Љубомир Фрчкоски. Амбасадорот Марковски беше повикан по објавувањето на резултатите од пописот во Македонија според кој во Албанија има 7.900 Бугари, а само 2.280 Македонци. Марковски во периодот пред пописот постојано праќал барања за инструкции во врска со бугарската пропаганда во Пустец и Голо Брдо, но такво нешто не добивал од тогашниот министер Бујар Османи. Нема информации за тоа како завршиле косултациите со Мемеди и Фрчкоски. Мемеди во февруари самоволно ја известил Италија дека пасошите со Република Македонија не важат. За Фрчкоски од МНР велат дека имало неколку престапи, поврзани со финансиското работење на мисијата на Македонија во ОН и непостапување според препораките на МНР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ