недела, 20 октомври 2024

И Албанец меѓу осомничените за убиството на навивачот на АЕК

Објавено на

часот

Сподели

Грчката полиција го стесни кругот на потенцијални извришители на убиството на навивачот на АЕК, Михалис Какури. Засега осомничени се тројца Грци, еден Хрват и еден Албанец.

Грчкиот портал „Њузит“ пишува дека кај Хрватот и Албанецот во моментот на апсењето биле пронајдени ножеви со крв на нив, додека тројцата Грци се со дебело полициско досие.

Навивачите Динамо Загреб, заедно со фанови на Панатенаикос, во група од 150 луѓе вооружени во понеделникот нападнаа помала група на симпатизери на АЕК. 

Покрај Михалис кој го загуби животот, имаше и десетици повредени меѓу кои и 12 годишно девојче кое добило удар во главата со голем камен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ