сабота, 19 октомври 2024

И Ахмети бил во Приштина, на опозицијата ѝ порача дека е рано за претседател на Македонија

Денеска во Приштина не биле само Африм Гаши, Изет Меџити, Биљал Касами и Арбен Таравари, туку и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Додека опозициските лидери и лидерот на Алијанса за Албанците беа на средба со косовскиот премери и со претседателот на косовскиот парламент, лидерот на ДУИ имаше интервју за Радио Телевизија Косово-РТК. И веднаш дал коментар за средботе на Гаши, Меџити, Касами и Таравари.

Објавено на

часот

Сподели

„Сметам дека е рано за Албанец претседател на Македонија“, рече Ахмети давајќи коментар по соопштението од кабинетото на косовскиот премиер Аљбин Курти кој кажал дека на средбата со Гаши, Меџити, Касами и Таравари, меѓу другото, станало збор и за идејата за заеднички нивен кандидат за претседателските избори во Македонија.

Тој ги искритикува политичарите Албанци од опозицијата затоа што не биле дел од „историскиот чин“, кога се гласало за Талат Џафери за премиер.

Ахмети во речиси едночасовното интервју зборувал за, како што нагласи, историскиот исчекор на Албанците во Македонија кои го добија првиот премиер Албанец. Притоа нагласил дека тоа се должи на правилната политика на ДУИ во македонскиот политички систем и на политиката „чекор по чекор“.

На забелешката дека Џафери е сепак, технички премиер, Ахмети рече:

„Во официјалните документи нема технички премиер, туку има премиер на државата со владин кабинет, со именувања, со платформа. Но, се работи за дневна политика па малку да го ублажиме македонското јавно мислење, затоа се додава таа придавка технички“.

Тој рече дека кога Талат Џафери бил избран за министер за одбрана имало многу негативни реакции кај Македонците. Истото, рече, се случи и кога тој беше избран за претседател на Собранието, каде што, нагласи, се пролеа и крв, но рече дека кога се гласало за вториот мандат на Џафери за претседател на Собранието, речиси и да немаше реакции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ