четврток, 19 септември 2024

Хутите тврдат дека собориле американски дрон

Јеменската бунтовничка група Хути денес собори американско беспилотно летало ем-кју-9 во јеменската провинција Дамар, соопшти портпаролот на милитантните Јахја Сари, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Хутите ја преземаа одговорноста за нападот со балистички ракети, кои во неделата за првпат имаа дострел до централниот дел на Израел, и се заканија со нови напади.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по нападот врз централен Израел им се закани на Хутите дека „скапо ќе платат“ за тој напад и изрази решителност да направи сè што може за населението евакуирано од тој регион да се врати дома.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ