сабота, 27 јули 2024

Хутите тврдат дека испукале ракети на американски разурнувач во Црвено Море, Американците дека една е соборена

Јеменските бунтовници Хути соопштија денес дека испукале „неколку проектили“ на американски воен брод во Црвено Море, неколку часа откако американската војска објави дека соборила проектил.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Поморските сили на јеменските оружени сили, со помош на семоќниот Бог, испукаа неколку поморски проектили на американскиот разурнувач УСС Грејвли во Црвено Море“, се наведува во соопштението на Хутите.

Портпаролот на Хутите во соопштение кое го пренесува телевизијата Ал масира наведе дека бунтовничката група помогната од Иран планира да продолжи да ги гаѓа американските и британските воени бродови во Црвено Море во самоодбрана.

Хутите, кои го контролираат поголемиот дел од Јемен, наведуваат дека напаѓаат бродови во Црвено Море од солидарност со Палестинците во израелската војна во Појасот Газа.

САД и Британија извршија напади врз позициите на Хутите во Јемен и ги вратија бунтовниците на листата на „терористички“ групи.

Разурнувач на американската воена морнарица соборил противбродска крстосувачка ракета која ја испукале Хутите, во најновиот напад насочен против американските сили кои патролираат по клучниот морски пат, соопштија американски функционери.

Мета на нападот извршен доцна синоќа бил разурнувачот УСС Грејвли, објави американската воена команда, наведувајќи дека немало повредени и материјална штета.

Хутите вчера тврдеа, без да дадат докази, дека го гаѓале американскиот брод Луис Пулер, пловечка база за слетување која ја користат припадниците на СЕАЛ и други, додека САД тврдат дека немало напад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ