сабота, 27 јули 2024

Хутите соборија американско летало

Јеменските Хути соборија американско беспилотно летало МК9 над провинцијата Ал Бајда во јужен Јемен, соопшти денеска воениот портпарол на оваа милитантна група Јахја Сари.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој истакна дека дронот бил цел на ракета земја-воздух од локално производство и додаде дека ќе биде објавено видео кое ќе ги потврди овие тврдења, пренесува Ројтерс.

Минатиот петок Хутите објавија дека собориле уште едно американско беспилотно летало МК9 над југоисточната провинција Мареб.

Групата поддржана од Иран започна напади врз бродови во Црвеното Море во ноември во, како што велат, демонстрација на солидарност со палестинскиот народ во Појасот Газа.

САД и Велика Британија започнаа серија напади против Хутите во Јемен во февруари како одговор на акциите на групата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ