сабота, 27 јули 2024

Хутите со проектили погодиле британски брод

Јеменските бунтовници Хути денес со два проектили погодиле британски брод кој пловел во Аденскиот Залив. На бродот избил пожар, објавија две поморски агенции. Станува збор за најновиот во низата напади на јеменските бунтовници кои значително го нарушија светскиот поморски транспорт.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Бродот е нападнат со два проектили, што резултирало со пожар“, соопшти Канцеларијата за поморска трговија на Обединетото Кралство, додавајќи дека „коалициските сили одговараат на нападот“.

Безбедносната компанија Амбреј исто така јави за пожар на товарниот брод во британска сопственост кој плови по знамето на Палау по два ракетни напади југоисточно од јеменскиот град Аден. Бродот тргнал од Тајланд и се упатил кон Црвено Море, објави Амбреј.

„Им се советува на трговските бродови да се држат подалеку од пловилото и да продолжат внимателно“, се додава во соопштението.

Хутите се солидарни со Палестинците од почетокот на израелската војна во Газа и ги напаѓаат бродовите кои пловат кон Израел.

Некои компании пловат околу Рогот на Африка за да го избегнат Црвено Море, низ кое инаку се одвиваат 12 отсто од глобалната поморска трговија. Обемот на комерцијалниот промет кој минува низ Суецкиот канал паднал за повеќе од 40 отсто во претходните два месеци, според ОН.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ