Потврдено е дека е погоден британскиот брод Марлин луанда и дека воени бродови се испратени за да пружат помош.
Би-би-си јави дека нападот предизвикал пожар во една од цистерните на бродот и дека е користена пожарникарска опрема за да се смири.
„Противпожарна опрема на бродот е распоредена за сузбивање и контрола на пожарот предизвикан во една товарна цистерна на десната страна“, соопшти компанијата сопственик на танкерот. „Безбедноста на екипажот е нашиот најважен приоритет. Остануваме во контакт со бродот и внимателно ја следиме ситуацијата“.
Husiler, Aden Körfezi'nde İngiltere'ye ait petrol gemisi Marlin Luanda'yı vurdu. Patlama sonucunda gemide yangın çıktı. pic.twitter.com/AvXOBPkKkC
— TRHaber Savunma (@savunma_trhaber) January 26, 2024
Американски функционери соопштиле дека најблискиот брод на американската морнарица реагирал на повикот за помош на бродот. Истакнале дека во нападот нема повредени.
Танкерот е британски но плови под знаме на Маршаловите Острови.
Воениот портпарол на Хутите Јахја Сарее кажа дека групата користела „одреден број соодветни поморски проектили“ и дека вечерашниот напад бил директен.
Subtitled version of Yemeni Armed Forces’ spokesman Yahya Sare’e’s announcement of their operation today against the British oil tanker Marlin Luanda. pic.twitter.com/6fqX8DUQgr
— 🔻 The Nature Boy 🇵🇸 (@BigTimeCommie) January 26, 2024
Од ноември Хутите извршија десетици напади на комерцијални бродови кои пловеа по Црвено Море, еден од најпрометните морски патишта во светот, како солидарност со Палестинците во Газа.
САД и Британија извршија воздушни напади врз цели на бунтовничката група, по што Хутите се заканија дека ќе ги засилат нападите.