сабота, 27 јули 2024

Хутите пак нападнаа во Црвено Море, американски хеликоптери им ги уништија бродовите

Американската морнарица уништи мали бродови на јеменските Хути кои се обиделе да се качат на товарен брод во Црвеното Море. Четири чамци под контрола на Хутите пукале врз бродот Маерск Хангжу и му се доближиле на неколку метри, објави американската војска.

Објавено на

часот

Сподели

Хеликоптери од блиските американски воени бродови одговорија на повикот за помош, пристигнаа на местото на несреќата и потонаа три помали бродови во самоодбрана додека Хутите пукале и кон нив. За време на инцидентот, екипажот на три пловни објекти на Хутите загинал, додека четвртиот брод избегал, пишува Би-би-си.

Екипажот е безбеден и немало пожар на бродот, кој бил целосно способен за маневар и го продолжил патувањето на север до пристаништето Суец, соопшти Маерск. Компанијата објави дека го суспендирала минувањето на своите бродови во Црвеното Море во следните 48 часа.

Хутите од ноември напаѓаат бродови во Црвеното Море. Тие се поврзани со Иран и го контролираат поголемиот дел од Јемен и со недели ја нарушуваат светската трговија напаѓајќи ги бродовите што минуваат низ Црвеното Море. Хутите бараат прекин на израелската војна во Газа. Ова е нивни 24-ти напад врз меѓународен брод од 19 ноември.

Нападнатиот комерцијален брод Маерск Хангжу е регистриран во Сингапур и со него управува данска компанија, соопшти американската Централна команда. Четири бродови под контрола на Хутите го започнаа нападот околу 6:30 часот по јеменско време користејќи монтирано оружје.

Тие се приближиле до товарниот брод на 20 метри и се обиделе да се качат на него. Екипажот на Маерск Хангжу испратил повик за помош, а безбедносниот тим возврати со оган, се вели во соопштението. Хеликоптери од блискиот носач на авиони УСС Ајзенхауер и разурнувачот УСС Грејвли се одзваа на повикот за помош и во самоодбрана потонаа три од четири помали бродови.

Ова е втор напад на Маерск Хангжу во последните 24 часа. Имено, тој вчера беше погоден со проектил истрелан од област контролирана од Хутите. И тогаш американските воени УСС Грејвли и УСС Лабун одговорија на неговите повици за помош и соборија два проектили лансирани од Јемен. По вчерашниот инцидент, бродот сѐ уште бил безбеден за пловидба и на него немало повредени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ