петок, 26 јули 2024

Хутите погодиле товарен брод во Аденски Залив, загинале двајца морнари

Силите на јеменските бунтовници Хути го нападнале товарниот брод „Тру конфиденс“ со противбродски проектили во Аденски Залив, соопшти воениот претставник на движењето Јахја Сарија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На бродот избил пожар, а британската амбасада во Сана соопшти дека во нападот загинале двајца морнари, пренесуваат агенциите.

Во соопштението се истакнува дека нападот се случил откако бродот ги игнорирал предупредувањата на Хутите.

Хутите од ноември минатата година во повеќе наврати лансираа дронови и проектили на комерцијални и воени бродови во Црвено Море за кои тврдат дека се поврзани со Израел, САД или Британија, истакнувајќи дека тоа го прават во знак на солидарност со Палестинците и против воените акции на Израел во Газа.

САД и Британија во јануари почнаа да вршат напади на позициите на Хутите во Јемен, во знак на одмазда за бродовите во Црвено Море.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ