вторник, 22 октомври 2024

Хутите нападнаа танкер прво со летала, а по неколку часа и со проектили

Капетанот на танкерот за сурова нафта „Делта Блу“ пријавил двоен напад на бродот кај Јемен, екипажот е безбеден, соопшти британската агенција за поморски трговски операции (УКМТО).

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Првиот напад бил извршен од две мали летала кои истрелале граната на ракетен погон која експлодира во близина на Делта Блу, 45 наутички милји јужно од јеменската Мока, соопшти УКМТО. Неколку часа подоцна, уште еден проектил експлодирал во непосредна близина на танкерот, додава УКМТО.

Бродот „Делта Блу“ кој плови под либериско знаме и неговиот екипаж се на безбедно, а бродот продолжи да плови кон следното пристаниште, соопшти УКМТО. Според податоците на лондонската берза, со бродот управува компанијата Делта тенкерс, со седиште во Атина.

Компанијата не одговори веднаш на барањето за коментар. Милитантите поврзани со Иран започнаа напади врз меѓународните бродови во близина на Јемен од ноември во знак на солидарност со Палестинците во војната меѓу Израел и Хамас.

Нападите на Хутите поттикнаа одмазднички напади од страна на САД и Велика Британија и ја нарушија глобалната трговија, сопствениците ги пренасочуваат бродовите подалеку од Црвеното Море и Суецкиот канал при што патуваат подолг пат околу јужниот врв на Африка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ