сабота, 27 јули 2024

Хутите нападнаа два брода поврзани со Израел: „Погодивме и два американски разурнувачи“

Хутите од Јемен го погодија со беспилотни летала контејнерскиот брод МСЦ Орион во напад во Индискиот Океан и бродот Сикладис како и два американски разурнувачи во Црвеното Море во серија напади што ги извршуваат со месеци како знак на поддршка за Палестинците кои се борат против Израел во војната во Газа.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Контејнерскиот брод МСЦ Орион бил нападнат со дрон, соопштија Хутите, пренесува Ројтерс. Тој брод пловел под португалско знаме меѓу пристаништето Синес во Португалија и Салалах во Оман, како сопственик на бродот бил регистриран Зодијак Маритајм, според податоците на британската финансиска компанија ЛСЕГ.

Компанијата Зодијак делумно е во сопственост на израелскиот бизнисмен Ејал Офер. Од компанијата не одговориле веднаш на барањето за коментар.

Хутите, милитантна група поврзана со Иран, од ноември во повеќе наврати извршија ракетни и беспилотни напади во Црвеното Море, теснецот Баб ал-Мандаб и Аденскиот залив, со тоа тие се обидуваат да ги принудат бродовите да испорачуваат товар преку други, подолги и поскапи рути околу Јужна Африка и да предизвикаат страв од проширување на војната меѓу Израел и Хамас, што може да го дестабилизира Блискиот Исток.

Водачот на Хутите во март изјави дека групата ја проширува својата област за напад за да спречи бродови поврзани со Израел да минуваат низ Индискиот Океан кон ’Ртот на Добрата Надеж.

Групата поврзана со Иран, исто така, го погоди комерцијалниот брод Сикладис, како и два американски разурнувачи во Црвеното Море, изјави нивниот портпарол Јахја Сари во телевизиско обраќање рано денеска, според Ројтерс.

Британската поморска безбедносна фирма Амбри објави дека контејнерски брод под знаме на Малта рекол дека бил погоден од три проектили на пат од Џибути кон градот Џеда во Саудиска Арабија. Хутите рекоа дека бродот Сикладис бил на тој правец кога бил нападнат.

Амбри процени дека бродот бил погоден бидејќи испраќачот тргува со Израел, се вели во советодавните белешки.

Америка и Велика Британија ги нападнаа Хутите како одговор на нападите врз пловните објекти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ