недела, 20 октомври 2024

Хутите најавуваат нови напади: Ќе напаѓаме израелски, но и американски бродови

Движењето на јеменските Хути Ансар Алах денес соопшти дека ќе продолжи да напаѓа израелски, но и американски бродови во Црвено Море.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Доволно е бродовите да бидат американски за да ги гаѓаме“, кажа за катарска Ал џезира заменик портпаролот на движењето Насредин Амер, со предупредување: „САД се на раб да ја изгубат својата морска безбедност“.

Во меѓувреме, за ситуацијата на Блискиот Исток зборуваше и генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш. Тој порача дека тензиите во Црвено Море се на високо ниво и дека многу веројатно не може да се зауздаат.

Во текот на денот брод со знаме на Маршаловите Острови со американски товар беше погоден во близина на брегот на Јемен. Пентагон го потврди нападот и за него ги обвини Хутите. Вашингтон порача дека никој не настрадал и дека бродот продолжил да плови според планираното.

Сепак, САД на 12 јануари издадоа соопштение во кое се наведува дека Вашингтон им препорачува на комерцијалните бродови под американско знаме да избегнуваат да пловат во јужниот дел на Црвено Море. Препораката е на сила до 19 јануари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ