Во соопштението на Центарот контролиран од хутите се вели дека нападите на јеменските бунтовници врз бродови поврзани со САД или Велика Британија ќе продолжат доколку тие земји продолжат со нападите врз Јемен, пренесе Ројтерс.
Хутите во ноември 2023 година почнаа да напаѓаат комерцијални бродови во Црвено Море и Аденскиот залив, тврдејќи дека тоа го прават во знак на солидарност со Палестинците во Појасот Газа.